Тие совршено се разбираат. Можеби се целосно спротивни, но во реалниот живот не можат еден без друг, а меѓу нив никогаш нема да има измама или лага.
БИК и РАК
Припадниците на овие два хороскопски знаци целосно се разбираат. Кога се во романтична врска, многу краток период им е потребен за физичко и емотивно врзување. И едниот и другиот знак знаат да го ценат партнерот, па со леснотија ќе изградат добра врска.
БЛИЗНАЦИ и ВОДОЛИЈА
Кога ќе се најдат во близина, овие знаци може да имаат чувство дека се познаваат со години. Креативноста и лудите идеи се карактеристични за Водолиите, како и за Близнаците, па во врска никогаш нема да им биде досадно. Иако уживаат во времето поминато заедно, овие знаци сакаат понекогаш да бидат и сами. Водолијата и Близнаците не ги интересира мислењето на другите па поради тоа максимално ќе уживаат во секој момент поминат заедно. Овие знаци имаат многу силна врска без разлика дали е љубовна, пријателска или службена…
РАК и РИБИ
Измеѓу нив владее космичка конекција. Овие водени знаци се многу емотивни и се грижат за своите блиски. Ќе направат се за оние кои се наоѓаат во нивна близина да се чувствуваат пријатно. Овој спој е многу тешко да го раздвоите, речиси и невозможно.
ЛАВ и СТРЕЛЕЦ
Нивото на страста е високо кога е во прашање врската меѓу овие два огнени знаци. Таа нивна страст се огледува како во односот со партнерот, така и со исполнувањето на животните цели. Многу се харизматични и ја рефлектираат својата чудна енергија поради кои сите сакаат да бидат во нивно друштво.
ВАГА и БИК
Главната одлика на овие два знаци е искреноста, па меѓу нив никогаш нема да има измама или лага. Многу се пожртвувани и посветени на партнерот, а тоа им помага да го запознаат и најситниот детал на својата подобра половина.
ДЕВИЦА и БЛИЗНАЦИ
Кај овие два знаци, интелигенцијата има пресудна улога во заведувањето. Поседуваат огромно почитување кон партнерот што ги прави идеален спој. Уживаат во мирна средина, дружење со пријателите, нови сознанија и сензуални допири.
ШКОРПИЈА и РАК
Шкорпијата и Ракот се хранат со љубовта и страста на партнерот. Со оглед на тоа дека Шкорпијата важи за најстраствениот знак, а Ракот за најемотивен јасно е зошто се совршена комбинација. Кога се работи за сексот, овие знаци се родени да бидат заедно.
СТРЕЛЕЦ и ОВЕН
Ентузијазам и голема енергија владее со оваа комбинација. Иако се верува дека спротивностите се привлекуваат, овие два знаци се речиси идентични и еден од најдобрите љубовни хороскопски парови.
ЈАРЕЦ и БИК
Постои причина поради која меѓу овие знаци има привлечност која не се опишува. И Јарецот и Бикот поседуваат нешто за што останатите може само да сонуваат: бескрајна љубов. Љубовта во оваа комбинација на хороскопски знаци може да трае вечно и до последниот момент да нуди секојдневно вистинско уживање.
РИБИ и ШКОРПИЈА
Припадниците на овие знаци се плашат да ја покажат својата романтична страна. Врската меѓу Рибите и Шкорпиите се темели на длабока конекција и пријателство пред се. Љубовта ќе се роди несвесно, но може да трае и до крајот на животот.
ДЕВИЦА и РИБИ
Девицата и Рибите претставуваат љуибовен спој на спротивни знаци од Зодијакот, кои само потврдуваат се спротивностите во љубовта силно се привлекуваат. Рибите во Девицата може да пронајдат сигурност и личност на која може да се потпрат. Од друга страна Рибите на Девицата може да и пружат магична љубов како од соништата.