Високите температури и обилните тушеви, по што останува тежок, леплив воздух, што го прави невозможнo дишењето, се климатски услови со кои се соочуваме се почесто. Последиците од ваквото време, што е невообичаено за оваа клима, многумина ги чувствуваат и тие најчесто се жалат на тапа главоболка што понекогаш трае неколку дена.
„Поради ненадејни промени во атмосферскиот притисок, надворешна температура и влажност, се јавуваат метеоропатски реакции, од кои главоболките се најчести“ – објаснува д-р Александар Станиќ.
„Најчесто станува збор за мигрена и главоболка од напнатост, кои се сами по себе болести, оние што не се предизвикани од други болести“ – додаде овој еминентен експерт и откри дека прегревањето на телото е предизвикувач за појава на мигрена.
„Екстремните временски промени ја нарушуваат природната способност на организмот да се врати во својата состојба пред да се случат какви било промени во неговото функционирање. Топлината го исцрпува телото, прекумерното потење губи течност и електролити, телото се прегрее, паѓа артерискиот крвен притисок и сето тоа предизвикува главоболка“ – вели д-р Станиќ.
Во лето, главата може да боли и од постојаното напрегање на мускулите на лицето и очите поради кривогледство на силното сонце, а ако сте подолго време на сонце, може да добиете изгореници, што исто така оди со главоболки и гадење. Предизвикувач на мигрена може да бидат и шеќери и кофеин, кои изобилуваат во газирани пијалоци, а кои повеќе ги пиеме во текот на летото.
Д-р Станиќ нè советува да избегнуваме изложеност на екстремни надворешни атмосферски влијанија и да се грижиме за исхраната.
„Важно е да не се нарушува внатрешната рамнотежа на организмот. На прво место, ова значи дека избегнуваме прекумерно прегревање на организмот со тоа што ќе останеме во сенка, покрај водните површини и во ладен простор. Не смееме да си дозволиме да губиме течности и електролити и затоа е исклучително важно редовно да пиеме вода и да јадеме свежо овошје и зеленчук“ – вели Станиќ за споменатиот портал.
„Имајте на ум дека повеќето главоболки поминуваат спонтано, честопати без терапија. Ако не е така, немојте да се лекувате со аналгетици. Посетете лекар да утврдите за која главоболка станува збор, бидејќи од тоа зависи начинот на лекување“ – заклучува д-р Станиќ.
извор: попара.мк