Финалистот на „Ѕвездите на Гранд“, Садик Хасановиќ од Сребреник се најде во центарот на вниманието поради своето минато.
Имено, на социјалните мрежи се појави видео на Хасановиќ свири со бендот „Сетелит“ на една приватна прослава, а на која се слуша како ја изведува песната „Ко на Божиц у Кравицу доџе“. Инаку, песната е националистичка и непријателски настроена кон Србите.
По оваа објава тој наиде на еден куп негативни коментари.
По тој повод, се огласи и Гранд продукција.
„Музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“ полни 17 години колку и што трае, инсистира дека музиката не познава граници, не не дели по нација, вера или боја на кожата. Согласно со тоа, кога ги бираме нашите кандидати се водиме само по нивниот талент. Продукцијата не може да влијае на нивната биографија или на нивните родители“ пишува во соопштението.
Се нагласува дека Гранд продукција се оградува од ставотите на спомнатиот натпреварувач.
Исто така, Марија Шерифовиќ која беше ментор на Садик се огласи и истакна дека таа е задолжена за кандидатите за време на натпреварувањето во музичкото шоу и се бранеше од било каков став на натпреварувачот.
По овој скандал, се огласи и Садик.
„Наместо најубавите денови поради финалето на „Ѕвездите на Гранд“ и успехот кој го доживеав, јас поминувам низ најлошите денови во мојот живот. Имам 20 години и не сум способен да мразам. Јас сум Босанец и се гордеам со тоа, но да се биде Босанец исто така значи да ги сакаш и почитувам и останатите вери и нации. Јас пораснав со прекрасни луѓе, ги сакам сите другари од „Ѕвездите на Гранд“, мојата менторка Марија и останатите луѓе.
Кога ја запеав спорната песна имав само 12, 13 години, не размислував дека таа е порака со омрза кон некој. Бев дете.
Ја сакам својата земја, но и ја сакам Србија. Во Белград ги доживеав најубавите моменти, мојата цел е да ги правам луѓето среќни, никако спротивно од тоа, и затоа се извинувам ако некој повредив или направив да се чувствува лошо.
Сакам на сите да им порачам дека сакам да бидам некој кој ги правите среќни и кој што шири мир. Јас сам добра личност. Повторувам, на сите им посакувам мир и љубов“, напиша Садик.
Marija, evo i snimka sa privatne proslave, grupa Sateliti i pesma “Ko na Božić u Kravicu dođe”, da li je Sadik Hasanović dečko za klavijaturom desno? Snimak je upravo nestao sa Jutjuba, ali sam ga ja prethodno skinula! pic.twitter.com/AlkdSsb1qw
— Bodljikava 🇷🇸 (@Bodljikava) June 30, 2021