Радио Милева на денот што го чекаме, цела година...

Кристина Димитриевска слави роденден во ист ден со својата мајка: Најголемиот подарок обете веќе го добија (ФОТО)

Кристина Димитриевска слави роденден во ист ден со својата мајка: Најголемиот подарок обете веќе го добија (ФОТО)

Кристина Димитриевска, дамата околу која последниве година – две се плетат разни приказни, а таа постојано е во фокусот на јавноста и заради приватниот живот и заради кариерата која по разводот со Даниел Кајмакоски ја „пушти на најсино“… Како македонска убавица, модел, мисица, фитнес тренер, пејачка, пред некое време и водителка…

Од афери и озборувања преку чаршиско-кулоарски муабети до насловни страници на порталите и магазините и безброј споделени провокативни фотографии на социјалните мрежи, „бившата на Кајмакоски“, како што во почетокот ја нарекуваа сексапилната тетовка, се поблиску е „да му ја украде славата“ на некогашниот сопруг, па  Даниел да почнат да го нарекуваат „бившиот на Кристина“!

Како и да е, нивната љубоивна сага и по разводот добива „чудни насоки“, додека живот тече понатаму… За секој од нив одделно, секој на своја страна, во свој правец со бремето на годините и она што тие му го донеле и оставиле.

Роденден е денот што го чекаме цела година – велат… Особено ако на тој ден во семејството има повод за двојна прослава! А кај Кристина Димитриевска денес, 2-ри јули – има. Уште минатата година атрактивната убавица откри дека овој ден е ден за славење  на нејзиниот роденден кој е поразличен и посебен во нејзиниот семеен дом во Тетово.

Имено, убавата мисица откри дека, сега веќе пред 25 години, нејзината мајка токму на својот роденден ја родила Кристина и го добила најубавиот подарок што може да го добие една жена, па така оттогаш, од пред четврт век,  на овој ден обете слават роденден.

Кристина и денес не пропушти да го апострофира денот на своето доаѓање на овој свет и тоа со две нешта: Роденденска честитка до самата себе си и среќата што најубавиот подарок, најголемата животна желба ја држи за рака, споделувајќи неколку заеднички фотографии со своето синче.

Атрактивна, привлечна, згодна, роденденски расположена во едноделен костим за капење, Кристина и нејзиниот наследник уживаат на жешкото сонце, минувајќи го денот во базенот.

„Засекогаш заедно“ –  како што и самата напишала, но и како што доликува на една вистинска мајка… Роденденот преку ден со синот, а ноќта…?

Е, тука веќе работите се менуваат, зашто додека „малиот принц“ уморен од пливањето мирно ќе спие, роденденот на мама треба поинаку да се прослави и залие… Со забава во некој локал со поголема група блиски луѓе или само во интимна атмосфера и друштво „во четири очи“?

Што ќе да е, само мисицата си знае… Важно денот да е вечен, роденденот да е среќен, а и славеничката, жива, здрава, радосна, задоволна и… (у)среќ(е)на!

Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry

 

To top