Никола Мишковски или познат како Никола од „Брза кујна“ стана татко по третпат.
Имено, тој пред некое време во емисијата „Магазин“ откри дека со сопругата очекуваат принова во нивното семејство, а сега пристигна и новиот член.
Стефанија и Никола повторно станаа родители на девојче, а тој среќните вести ги обелодени на својот Фејсбук профил.
„На свет ни дојде уште една мала принцеза. Фала ти Стефанија што ми го направи животот толку среќен и исполнет животот. Ве сакам“, напиша тој покрај објавата во која откри дека пристигнало девојче.

Под фотографијата се нижеа честитики од неговите пријатели.
Инаку, Стефанија и Никола исто така имаат ќерка која во септември ќе наполни три години, а готвачот од првиот брак го има синот Дарин.

Како за потсетување, парот во 2019 година вплови во брачните води, а неодамна со саканата прославија три години брак.
По тој повод се огласи и Стефанија на својот „Фејсбук“ објавувајќи видео од нивни заеднички слики, а во описот напиша:
„Двајца надолу и уште многу други. Среќна годишнина мој хубу“, напиша покрај објавата.
Честитки, да е жива и здрава ќеркичката.