Во летните денови, внесот на вода треба да биде поголем од предложениот минимум, а овој едноставен трик ќе ви помогне за 3 секунди да дознаете дали сте дехидрирани.
Високите температури со себе носат ризик од дехидратација, а особено се во опасност лицата кои долго време поминуваат надвор, поради што е неопходно да пијат доста течности.
Колку вода му е навистина потребна на организмот?
Неопходниот дневен внес зависи од многу фактори како старост, пол, општа здравствена состојба, дневна физичка активност, но и од поднебјето во кое живеете и климатските услови во кои се наоѓате.
Оптималниот дневен внес се движи од 1,5 до 2 литри течност. Меѓутоа, доколку сте маж кој е физички активен, треба да внесувате до 3,5 литри вода, а физички активните жени до 2,5 литри течност дневно. Повеќето возрасни лица губат помеѓу 2 до 3 литри вода дневно по пат на телесни функции, а доколку се изложени на сонце или се физички активни имаат тенденција да губат повеќе течности.
Како да проверите дали пиете доволно течности?
Еден од начините да проверите дали сте дехидрирани е, верувале или не – да се штипнете. Кожата која е доволно хидрирана е еластична и брзо се враќа во првобитната состојба. Доколку кожата забавено се враќа, телото е благо дехидрирано и тоа значи дека е време за вода.
Сепак, постојат и други показатели дека на организмот му е потребнa вода – симптомите како безволност, главоболка или сува уста укажуваат на дехидратација.
извор: точка.мк