Со своите оригинални настапи и модни комбинации, Марија Груевска од Битола успеа да остави посебен впечаток во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Нејзините појавувања никој не оставија рамнодушен, како што вели за ало.рс за целиот концепт бил задолжен нејзиниот татко Дуле кој инаку е свештеник.
„Драго ми е што моите настапи привлекоа внимание, тоа ни беше цел, морам да кажам дека мојот татко е творец на сите тие идеи“, изјави Груевска.
„Кога ја познавате својата ќерка, тогаш знаете што има во себе и што може да покаже. Јас знаев што Марија сака, таа сакаше да ја претстави жената како повеќеслојна личност и јас се трудам тоа да го претстави на најдобар можен начин“, вели таткото на Марија и открива дека ги прифаќа сите нејзини предлози:
„Ние разговараме пред секоја емисија, се договараме и до најситните детали. Двајцата сфативме што е шоубизнис и како тоа треба да изгледа. Луѓето сакаат да зборуваат за некои теми за кои не се зборува во јавност, како на пример како од калуѓерка да станете танчерка, а тоа е она што ја фасцинира публиката, Ние ги помераме границите, тоа навистина е тешко, но така мора. Различни се реакциите, некој не подржува, некој не, но секоја реакција ни значи“, вели таткото на битолчанката, а Марија додава:
„Често ме критикува, но тој е најдобар татко. Тој ми сака добро и јас му верувам“ заклучи македонската финалистка во „Ѕвездите на Гранд“:
Инаку, Марија заврши на шесто место со вкупно 20 811 гласа.