Лепа Брена ја тешела екс сопругата на Лукас: „Што ќе ти е таков клошар и наркоман“ – пејачот распали по Живојиновиќ
Пејачот Аца Лукас ја објави својата автобиографија и во неа откри непознати детали од својот живот.
Тој во книгата изнесе разни „пикантерии“. Овој пат пејачот распали и по Лепа Брена, па ја обвини дека го нарекла наркоман во моментот кога ја тешила неговата поранешна сопруга Соња со која во тој период бил разделен.
View this post on Instagram
Аца истакна дека Лепа Брена мисли дека тој и е лут бидејќи пејачката ја запознала Соња со наводно нејзиниот љубовник – кошаркарот кој играл во Америка. Меѓутоа, Лукас вели дека поради друга причина е лут на Брена.
„Кога се иселив во мојата куќа на Бежаниска коса, Соња ги собираше пријателките. Пијат кафе и зборуваат. Една од нив ми прати снимка од Лепа Брена која вели: „Што се нервираш, што ќе ти е таков клошар и наркоман“, пишува Аца во книгата и додава:
View this post on Instagram
„Брена и понатаму мисли дека сум и лут поради Мајами. Не. Прво: мојата жена не е некој на кој треба да и се „намести“ маж. Второ: Брена доаѓаше во мојата и ја мазеше ќерката за чиј татко велеше дека е клошар и наркоман“.
Инаку, Лукас истакна дека Живојиновиќ, како Брена и Боба, така Александра и Филип се дружеле со него само од корист.