Лепа Брена го добила спорот на суд поради неисплатени пари од концерт во Хрватска во 2009 година. Госпоѓата Тања Биќиќ од Пуле мора да и ги исплати парите.
Проблемот настанал пред 9 години кога Лепа Брена одржала концерт во Загреб. Договорот бил цената на настапот да биде 100 000 евра. На пејачката и исплатиле само 70 000 евра, а останатите пари не пристигнале до неа. Госпоѓата Ганиќ, сопственичка на фирмата која го организирала концертот, на пејачката треба да и исплати околу 40 000 евра, сметајќи ги и каматите на доцнење.
Сопственичката на фирмата вели дека останиот дел не бил исплатен бидејќи се намалила проджабата на картите откако се појавила фотографија на која Лепа Брена е во униформа.
Пејачката истакна дека тоа е измислила и дека облеката не е нејзина. Брена професионално ги завршила обврските, но иако испратила опомена парите не и биле исплатени.