Ова лето, аксесоарите се попопуларни од претходните сезони.
Модните дизајнери на сцената ги вратија разните шноли, големите штипки за коса, марамите, венчињата, но и шеширите кои оваа сезона ќе ги гледаме на секој чекор.
Шеширите на секоја комбинација ѝ даваат посебен печат, а воедно и нè штитат од сончевите зраци што ги прави совршен моден додаток за летните денови.
На располагање имаме голем избор, па сигурно ќе успеете да најдете и модел по свој вкус. Шеширите одлично се вклопуваат во секој стајлинг, од лежерни до оние посвечените.
Ние денеска ви претставуваме неколку идеи како можете да ги комбинирате. Погледнете ги фотографиите во продолжение и пронајдете инспирација за вашиот следен стајлинг:
извор: точка.мк