Радио Милева Карлеуша ја изрекламира, Цеца и плати песна

Дисквалификуваната Вања Кнежевиќ ја објави првата песна, па наиде на негативни коментари: „Ќе остане запаметена по тоа што и рекоа дека изгледа како тетка“

Дисквалификуваната Вања Кнежевиќ ја објави првата песна, па наиде на негативни коментари: „Ќе остане запаметена по тоа што и рекоа дека изгледа како тетка“

Вања Кнежевиќ беше дисквалификувана од „Ѕвездите на Гранд“ откако на „Инстаграм стори“ сподели содржини со навреди за Јелена Карлеуша,  а потоа и за самото шоу.

По нејзината дисквалифакцијата, Кнежевиќ со помош на Цеца Ражнатовиќ ја сними својата песна насловена како „Карма“.

фото: принтскрин/инстаграм/вања кнежевиќ

Само 24 по објавувањето, песната е на 17 место во трендинг на Јутуб.

„Веќе видено, ништо иновативно, како и секоја друга“, „Кој високо лети – ниско паѓа“, „ОваА ќе остане запаметена по тоа што и рекоа дека изгледа како тетка“, „Ова ќе биде заборавена до утре“, „Харизмата останала дома“, се некои од негативните коментари.

фото: јутуб

Освен негативните коментари, имаше и некои позитивни.

„Направи грешка што толку долго чекаше да издаде песна, тоа требаше да го направи додека беше во центарот на вниманието“, „Не ми се допаѓа, но талентирана е“, „Има потенцијал, но можеше и подобро“.

Младата пејачка го реализираше овој проект со помош на Светлана Цеца Ражнатовиќ и Дамир Хандановиќ.

https://youtu.be/PsvdA1gnLCk

To top