Јелена Карлеуша, за промена реши да објави нешто поразлично од провокацијата која секојдневно ја „сервира“ на социјалните мрежи.
Имено, меѓу најновите објави на нејзиниот профил се најде фотографија на која е во друштво на нејзината мајка Дивна.
Бројните обожаватели им напишаа дека изгледаат како светски ѕвезди, а пак други посочија колку Јелена личи на мајка си.
Инаку, Дивна Карлеуша има 61 година, а своевремено беше најслушаниот глас на Радио Белград како радио водителка. Ако се суди според нивната сличност, вака некако би изгледала Јелена во седмата деценија од животот.