Водолија
Доколку сте во врска или брак, ќе ви одговара да поминувате време со саканата личност. Вашите амбиции ќе бидат толку големи така што ќе го давате својот максимум за да ги остварите целите и навистина ќе уживате во работата. Ако ви треба помош денес – емоционална, финансиска или друга, контактирајте со пријател.

Риби
Ќе бидете неверојатно смирени и во ситуации во кои сите други би заплакале од нервоза. Ќе имате чувство дека се движите пребрзо, но ќе продолжите со темпото за да бидете рамо до рамо со другите. Комплетно сте задоволни од себе, а дополнителна доза убава енергија ќе добиете и од дружбата со помладите членови од семејството.