Граѓаните на интернет најчесто пристапуваат преку своите мобилни телефони, а најпосетувани страници се Гугл и ЈуТјуб.
Македонските граѓани во 2020 година на интернет најмногу ги посетувале Гугл, ЈуТјуб, Реклама5, Тајм.мк и Фејсбук, додека најчесто пребарувани поими на Гугл се – превод, Гугл, Фејсбук, ЈуТјуб, резултати, временска прогноза …,
Најпребарувани поими на видео платформата ЈуТјуб се Задруга, филм, ГП, Преспав и музика, а во топ 20 се и Биби, Дајте музика и Фортнајт.
Околу 57,6 проценти од населението во Македонија или 1,2 милиони граѓани во 2020 година активно ги користеле социјалните медиуми. Најголемиот дел од нив 97,2 проценти за пристапување на социјалните медиуми ги користеле своите мобилни телефони, покажуваат податоците на Глобалниот дигитален извештај 2021.
извор: Курир.мк