Фолк пејачката Татјана Лазаревска неодамна го прослави својот роденден и длабоко навлезе во петтата животна деценија.
Но, како и речиси секоја жена, со текот на годините и таа имаше проблем со вишокот килограми.
Периодов, според приложеното на социјалните мрежи очигледно решила да поработи на својот физички изглед, што потврдуваат најновите фотографии на нејзиниот Инстаграм профил каде е често активна.
Дали недостатоците ги реши со диета или физичка активност, не знаеме, но промените се очигледни, особено на нејзиното лице кое блеска со младешки сјај и енергија.
Инаку, Татјана со сопругот Новица и децата веќе неколку години живеат во Австралија, но не кријат дека им недостасува родната земја.
Она од кое не се откажаа се настапите за дијаспората од кои се неуморни.