Радио Милева ја кажа својата страна на вистината

Тања Савиќ се огласи по написите дека сопругот прв поднел барања за развод: „Тој не поднесе ништо прв, јас го направив тоа претходната година“

Тања Савиќ се огласи по написите дека сопругот прв поднел барања за развод: „Тој не поднесе ништо прв, јас го направив тоа претходната година“

Пејачката Тања Савиќ тврди дека пред година ипол дена поднела барање за развод од бракот со Душан Јованчевиќ и тврди дека тој е повреден што таа го оставила и затоа ја менува приказната.

По написите дека Душан поднел барање за развод, Тања тврди дека таа го сторила тоа уште претходната година. Пејачката тврди дека сопругот се меша во разговор со нејзините деца и им вели дека таа го оставила него, а не тој неа.

фото: Марко Јовановиќ

„О Боже, маченик. Тоа не го направи тој прв, него јас. Тој сега се обидува да смени приказната. Почна да ме прекинува во разговорот со децата и да им вели: „Јас тебе те оставив, не ти мене“, најверојатно е повреден бидејќи не може да го прифати фактот дека јас го оставив. Не поднесе тој ништо, јас поднесов прва“, изјави Тања за телеграф.рс

„Поднесов барање за развод претходната година, но не можевме да се разведеме пред 1април. Не можеше да се реализира додека не помине една година, се дава една година простор ако сопружниците сакат да се смират“, вели пејачката и додава:

„Јас сум некој кој ја зборува вистината, не сакам лаги, неправда и секогаш ќе бидам на страна на послабиот, во овој случај тоа сум јас и морам да се бранам од лаги. Моите луѓе и мојата публика заслужуваат да ја знаат вистината, затоа што ги почитувам“,изјави Савиќ.

фото: никола томиќ/ ата имагес

Потсетуваме, сопругот на пејачката изјави дека тој прв поднел барања за развод. Во април претходната година тој без знаење на пејачката ги однесе децата во Австралија.

To top