Овен
Работа
Ќе играте двојна игра и ќе седите на две столици. Тоа не е својствено за Овните но интересно е што неделава многу ќе ви се допаѓа иако ќе бидете свесни дека тоа може да биде опасно. Во работата тргнете со решавање на најважните проблеми и бидете потемелни. Ќе сакате се наеднаш, а тоа не е добро, бидејќи на крајот можете да се најдете во деловна гужва и не ќе знаете од каде да почнете и каде да завршите. Внимавајте бидејќи во трката за заработка ќе го занемарите сопственото здравје.
Љубов
Неделава не ќе можете да се пофалите со среќа во љубовта, бидејќи ќе биде потребно многу да се потрудите за да можете да ја одржите врската или да избегнете прекини во долгите врски. Партнерот ќе биде поотворен ќе ве свати и ќе прифати зедно да ги решавате проблемите. Настаните во семејството можат да имаат драматичен тек. Можеби се работи за некое недоразбирање со некој член. Бидете потолерантни.
Здравје
Здраствената состојба е чуствителна внимавајте на притисокот и срцето.
Бик
Работа
Многу добро ќе комуницирате, па ве светуваме да ги извршите сите работи и замисли со соработка. Ќе имате имате доста енергија и ќе успеете да ги развиете проектите кои вие ги водите. Добро ви се аспектирани подолготрајните патувања, но треба да внимавате од големи купо-продажби, бидејќи на тој план ве очекуваат тешкотии и разочарувања. Кон крајот на неделата можно е да ви биде доверена некоја работа поради која ќе бидете иритирани и нервозни. Не се грижете тоа нема да има никаков ефект на вашите соработници. Тие повеќе ве разбираат отколку вие што мислите. Ќе бидете расположени за трошење на пари, кои ги имате во значителна количина.
Љубов
Во сентименталниот живот очекувајте кратка, но за иднина ефективна средба со личност од спротивниот пол. Наклонети сте кон флерт, но неделава ќе треба малку да се воздржите од емотивни испади. Периодот е одличен за слободните претставници на овој знак.
Здравје
Здраствената состојба ви е чуствителна внимавајте од инфекции.
Близнаци
Работа
Ќе имате некои пречки кои можат да преминат во сериозни проблеми. Настојувајте да бидете повнимателни во комуникацијата и намалете го кругот на луѓе со кои се дружите. Неделава треба да бидете многу внимателни кога се во прашање зборовите. Пред се изберете го молчењето отколку вербалните пресметувања. Ситуацијата ни малку не е наивна, вашиот противник очекува ситница. Покрај тоа, бидете внимателни и во сите работи поврзани со пари бидејќи ве очекува штета. Не работете со луѓе во чија исправност гледате со недоверба. Не склопувајте деловни договори.
Љубов
Интимните контакти ќе бидат нагласени овој период. Најповеќе ќе размислувате за љубовта и ќе се трудите да се снајдете во гужвата која моментално ја има зафатено вашата љубовна врска. Вашето љубовно незадоволство најдобро е да си го соберете во себе и да се обидете од почеток да ги најдете вашите грешки. Разговарајте со партнерот само со низок тон. Слободните преставници ненадејно ќе се заљубат.
Здравје
Претераната активност може лошо да се одрази врз вашето здравје.
Рак
Работа
Ќе прифатите некоја работа полна со предизвици. Токму тоа ќе ве возбудува и ќе работите со задоволство. Енергијата ви е на максимално ниво, а потребите за комуникација ви се се поголеми. Доколку ваквата состојба ја пренесете на работното место очекувајте успешен период со доста пофалби и заслуги. Исто така можно е да добиете поддршка од некоја влијателна личност. Ако правилно постапите, ќе направите голем чекор на професионален план. Ќе откриете некој нов податок за личност од вашата непосредна околина, кој многу ќе ве изненади.
Љубов
Ќе бидете доста отворени и расположени, а вашиот партнер ќе знае да ви возврати. За оние кои се во брак ова е доста хармоничен период полн со љубов и разбирање. Слободните ќе запознаат прекрасна личност. Некое пријатно изненадување ќе ја промени вашата секојдневница. Ќе се најдете на местото каде што сте посакувале да бидете и ќе имате одлична прилика. Па искористете ја.
Здравје
Позитивното расположение многу добро делува врз вашето здравје.
Лав
Работа
Мешавина од позитивни и непријатни настани неделава ќе се поиграат со вас. Комуникациите со деловните партнери некако ќе ви затаат, па затоа ќе треба да бидете внимателни во работењето, со договорите и преговорите. Доста ќе заборавате и лесно можете да загубите ситници. На учениците и студентите мислите ќе му бидат насекаде само не во учењето. Распоредете го времето така да можете да стигнете да ги направите најважните работи.
Љубов
Љубовниот живот ви е интензивен, па чуствувате потреба за љубов и сигурност. Не дозволувајте со пречуствителност да ја оптеретувате вашата врска. Бидете едноставни и уживајте во сегашните моменти. Новиот партнер ви дава шанса подобро да го запознаете. Обидете се заедно да ги поделите проблемите. Оние претставиници кои сокриваат некоја љубов треба да бидат повнимателни, бидејќи може да стане опасна по нивната кариера.
Здравје
Здраствената состојба ви е добра, бидете повнимателни во сообраќајот.
Девица
Работа
Неделава ќе ви биде изразена желбата за заработка и уживање во материјалните богатства. Настојувате да ги сокриете вашите амбиции, бидејќи можете да се фатите во стапица. Ќе бидете свесни на препреките на кои наидувате, но сеедно ќе продолжите само право. Не брзајте никаде туку застанете за момент и добро разгледајте околу себе. Бизнисмените мораат да бидат повнимателни спрема некои луѓе.
Љубов
Ве очекуваат напнати односи и судири со партнерот. Сепак на добар пат сте сами да ја откриете причината за вашите грижи и проблеми. Не се занимавајте со ситници и не размислувајте на минатото. Ако повеќето околности се против вас тоа не значи дека не можете да успеете. Бидете храбри и подготвено менувајте го она што не ви се допаѓа. Во односите внатре во семејството би можело да дојде до мала криза, можеби затоа што некој од членовите го запоставува. остатокот на семејството. Поразговарајте отворено за се, но бидете подготвени и да попуштите.
Здравје
Здраствената сотојба ви е чуствителна, имунитетот опаднат.
Вага
Работа
Состојбата е вообичаена, но никако не семеете да превземате некои промени во работата особено ако имате шанси во врска со странство. Пристигнуваат пари неочекувано и од чуден извор. Не започнувајте нови активности на работното место пред целосно да ги завршите старите. Имате многу енергија, па во креирањето ќе наоѓате се поголемо задоволство. Ќе имате проблеми со комуникациите, а тоа може да ве одведе во депресија. Обидете се повеќе да си нагодувате на себе правете онака како што вие сакате и не се нервирајте поради некои евентуални недостатоци.
Љубов
Љубовните настани и хармоничните односи со партнерот се карактеристични за овој ден. Пријателите ќе ви се воодушевуваат на љубовната складност, а вие ќе уживате затоа што другите тоа го приметуваат. За оние во брак ги очекува добра вест од партнерот во врска со заедничкиот живот.
Здравје
Јадете редовно и внесувајте повеќе свежа храна богата со витамини.
Скорпија
Работа
На прв поглед ќе ви изгледа дека се наоѓате во средината проблемите и незгодите. Но ќе се покаже дека состојбата е сосема поинаква. Ќе ви недостасува вистинска волја за работа, но ќе се потпрете на работата на вашите соработници кои подобро ќе се снајдат од вас. Побрзајте со извршувањето на поважните работи, бидејќи сега ќе имате многу добри прилики. Ќе бидете во добри односи со сите личности со кои деловно соработувате. Односите со претпоставените за сега се многу добри, но постои можност да се влошат.
Љубов
Во љубовта се ќе ви изгледа прекрасно и ќе уживате во убавите страни на животот, па дури често ќе заборавите на вашите обврски. Што се однесува до новата љубовната врска, најдобро ќе биде некое време да бидете дискретни и умерени. Не би требало да истрчувате. Состојбата во семејството е нестабилна ве очекуваат проблеми особено со некој од помладите членови. Бидете потрпеливи.
Здравје
Здраствената состојба ви е добра. Почнете да се занимавате со некој спорт.
Стрелец
Работа
Ве очкува најобичен период, без некои посебни случувања на деловен. Новите деловни договори својата реализација ќе мораат да ја причекаат, но тоа нека не ве загрижува. Ќе имате време уште еднаш за се добро и подетално да размислите. Ќе бидете тешки за другите и за себе, но сепак во вас ќе има доволно сила од сопствените противречија да извлечете и по нешто добро. Потрудете се повеќе околу средување на односите со соработниците и претпоставените. Финансиската ситуација ви е одлична, но сепак парите трошете ги разумно.
Љубов
Во љубовта состојбата е без некои позначајни промени. Осамените можат да се надеваат на почеток на романтична врска, а оние во сериозните врски, подобрување на односите со патнерот. Ако сте родени во третатат декада, емоциите силно ќе ги доживувате, па многу од вас ќе драматизираат, ќе се расправаат со партнерот, ќе прекинуваат и повторно ќе се смируваат. И покрај се, ќе привлекувате внимание кај другите и ќе бидете интересниза многумина.
Здравје
Здравјето добро ќе ве служи. Можни се болки во желудникот.
Јарец
Работа
Ќе имате имате доста енергија и ќе успеете да ги развиете проектите за кои веќе подолго време немате подршка од околината. На најдобар начин користете ги вашите генијални идеи и преминете во акција. Фантазијата ви е богата и одлично ќе функционирате. Подготвено ги пречекувате настаните раководени од поранешното искуство. Тргнете во сопствени победи наметнувајте се и отворете ја вратата на успехот. Во работата се е тргнато кон подобро можеби вашиот претпоставен ќе биде заинтересиран за вашите идеи.
Љубов
Не ги сокривајте емоциите, бидејќи вашиот партнер не ќе знае што чуствуате кон него, па тоа може да доведе до несакани ситуации. Потрудете се повеќе. Оние кои се во брак или во стабилна врска ги очекуваат расправии со партнерот околу ситници. Ако сте осамени ќе го посакувате некого, па уште на првата прилика ќе се обидете да воспоставите контакт.
Здравје
Чуствително, можни се проблеми со долните екстремитети.
Водолија
Работа
Би било добро да го искористите оптимизмот и потребата за партнерство со цел за осварување на интензивна тимска соработка. Периодот е добар за сите активности во општествените и деловните контакти. Доколку бидете максимално попустливи ќе сносите големи последици. Па затоа ве советуваме да држите златна средина во се. Водолиите во работен однос се наоѓаат пред многу обврски како и учениците пред многу задачи, испити, притисоци од родителите и некои недоразбирања со наставниците, професорите. Не се грижете одповеќе туку потрудете се колку можете да бидете успешни во активностите.
Љубов
Во сентименталниот живот очекувајте кратка, но за иднина ефективна средба со личност од спротивниот пол. Наклонети сте кон флерт, но неделава ќе треба малку да се воздржите од емотивни испади. Не го запоставувајте партнерот, одделете од вашето слободно време за него. Слободните ќе доживеат непредвиден пресврт.
Здравје
Здраствената состојба ви е доста чуствителна, внимавајте на крвниот притисок и не внесувајте многу маснотии.
Риби
Работа
Делувате невнимателно и дозволувате другите да ви ги откриваат вашите намери. Поради ваша лоша проценка, ќе почуствувате спречувања и зголемена тензија во средбите со деловните партнери. Проблемите со парите и расправиите во семејството можно е да ве натераат да отпатувате некаде накратко. Добра одлука. Разговорот со некоја личност може да ги побуди вашите амбиции во кариерата. Новите проекти не ви се финансиски исплатливи, па нема да успеете да го средите негативното салдо ба вашата сметка. Можно е да излезе некоја компликација поврзана со некој договор или некој документ.
Љубов
Среќата е потенцијално на ваша страна и постои личност која ви подарува искрени чуства. Многу е важно да направите правилен избор. Лицето со кое емотивно се надополнувате ќе стори се за да бидете среќни. Возвратете со иста мера но не претерувајте со сентименталност. Мирот во вашиот брачен живот ќе зависи од вашата способност да ги избегнувате празните разговори.
Здравје
Внимавајте повеќе особено ако сте склони на хронични заболувања.
Извор: Астромагазин.мк