Пејачката и докторката Симона Поповска пред речеси месец ипол првпат се реализираше во улогата на мајка.
Имено, оваа вест ја изненади јавноста бидејќи пејачката не откри дека е бремена се до моментот кога не пристигна новиот член на семејството.
Симона и сопругот Крис станаа родители на момче.Веста ја обзнани на социјалните мрежи кога започнаа да пристигнуваат честитки за пристигнување на наследникот.
Симона сега ужива во првите мигови со синчето, а на социјалните мрежи неодамна се пофали дека биле на семеен ручек.
Пејчката сега пак во кусите приказни на „Инстаграм“ ја објави и првата фотографија со бебенцето како го држи во прегратки, но не го покажа неговото лице.
Верувеме дека деновите кои доаѓаат ќе бидат уште поубави за среќните родители
Инаку, Поповска имаше и убав повод за славење односно три годишнина од бракот.
Таа на својот Инстаграм објави фотографија од свадбата со својот сопруг, а како објаснување напиша:
„Пред три години, засекогаш заедно“.
Потсетуваме, во 2016 година Симона Поповска доби свршенички прстен на патување во Италија од својот сакан Крис Поповски. Следната година во месец август се случи и свршувачката која младите ја прославија во кругот на најблиските на брегот на Охридското езеро, а една година подоцна ја направија и свадбата