Пејачката Ариана Гранде и Далтон Гомез си ветија вечна љубов на 15 мај годинава, пред помалку од 20 гости.
Дома беше организирана интимна свадбена церемонија, а судејќи според нејзините објави од социјалната мрежа Инстаграм, тоа не ја спречи пејачката да носи раскошна венчаница.
View this post on Instagram
– Тоа беше многу мала венчавка, присуствуваа помалку од 20 луѓе – потенцираа претставниците на Ариана за странските медиуми, додека новопечената госпоѓа Гомез со големо уживање им даде на обожавателите увид во тоа како сето тоа изгледаше, со серија фотографии на Инстаграм.
View this post on Instagram
Нема кој не ја пофали венчаницата со потпис на познатата Вера Ванг, а она што е очигледно е дека невестата блескаше во бело.
View this post on Instagram