Менталното здравје е клучно за среќен и исполнет живот, поради тоа важно е да не ги занемариме било кои од симптомите кои покажуваат дека истото е нарушено.
Секојдневно можете да вложувате во одржување на менталното здравје на природен начин, а најдобар начин за тоа е вежбањето на фокусот, односно свеста за менталното здравје и промените кои се случуваат во состав со различните околности.
Живееме во стресно и брзо време во кое сме изложени на разни негативни вести, влијанија и драстични промени, а сето тоа може да влијае на менталното здравје, а за нас важно е да не ги игнорираме симптомите и промените во расположението, туку без страв и срам да побараме помош кога ќе почувствуваме дека ни е потребна.
1. Несоница и лош квалитет на сонот
Негативните промени во менталното здравје можат значајно да влијаат на квалитетот на спиењето. Несоницата често е предизвикана од депресија, анксиозност и опсесивни мисли.
Лошиот квалитет на сонот доведува до пад на концентрација, нагли промени во расположението…
2. Постојано чувство на загриженост
Секоја личност понекогаш е загрижена поради одредени ситуации, но доколку константно се случува тоа, тоа може да биде аларм дека менталното здравје е загрозено.
3. Изолираност
Еден од првите знаци кои се јавуваат е изолација од семејството и пријателите и загрозен социјален живот. Доколку не ви е потребна моментална самотија, туку целосна изолација, размислете дали е момент да побарате стручна помош.
4. Стомакот ви реагира на стрес
Најчестата реакција кога станува збор за физички симптоми се стомачните проблеми, како дијареја, болки во желудникот, мачнини.
извор:точка.ком.мк