Вистаграм

Познатиот пар од Инстаграм: Живеат како номади, заработуваат пристојно! Имаат само една порака за нивните следбеници

Познатиот пар од Инстаграм: Живеат како номади, заработуваат пристојно! Имаат само една порака за нивните следбеници

„Зошто да чекаме 2 седмици годишен одмор за да одиме на плажа, кога можеме да бидеме на море 365 дена во годината“, се прашуваат Мари Феј и Џејк Сноу.

Според многумина, тие се најубавиот пар од Инстаграм. Мари е Германка, додека Џејк доаѓа од Австралија, а нивниот живот е многу специфичен – патуваат по светот, ги посетуваат најубавите предели на земјата, уживаат на егзотични плажи во светот.

Овие номади ги инспирираат своите следбеници на Инстаграм со фотографии и видео материјали од својот секојдневен живот и велат дека ваквиот начин на живот не доаѓа од ‘семејни пари’.

„Секој може да патува и да го прави тоа што ние го правиме. Можеби не знаете да фотографирате или снимате, но, кога се работи за патувања, тоа може да го исполни секој кој е доволно храбар и посветен“, велат тие.

Сметаат дека времето, постојаната работа и парите ги спречуваат луѓето да водат сличен живот како нив.

„Сезонските работи можат да обезбедат пари, пристоен живот и далечни дестинации, но и време кое е потребно за да го правиме она што го сакаме“.

Тие се задоволуваат со мали работи.

„Кога ќе се откажеш од нешто, сфаќаш дека тоа не ти било потребно. Патувањата се лекции од минимализмот“.

Истакнале дека патувањата не се толку скапи, ако ги споредите со трошоците кои луѓето секојдевно ги имаат.

„Закупнина, режиски трошоци, казни за паркинг, претплата за Нетфликс, шопинг во трговските центри… Кога ќе се ослободите од сето ова, ќе сфатите дека го имате само она што ќе ви остане“, велар Мари и Џејк.

извор: точка.мк

To top