Водителката Елена Стојановска важи за позитивно, шармантно, ТВ водителско лице кое имаме прилика да го гледаме секој ден на утринската програма на Сител телевизија.
Секој ден од раните утрински часови е расположена професионално да си ја врши својата работа.
Елена е активна на социјалните мрежи каде што често објавува фотографии како од студио, од професионалниот живот, така понекогаш знае да открие и по некој приватен детаљ.
Водителката е во повеќегодишен брак со сопругот Огнен со кој има ќерка, но сепак Елена не ги експонира многу често членовите на нејзиното семејство, освен ако има убав повод.
View this post on Instagram
Сепак, овојпат таа во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од нејзината мајка во младоста со цел да и го честита роденденот.
„Кралице моја најубава, среќен роденден. Фала за сè, од гени до безусловна љубов. Мама“, напиша таа покрај фотографијата.
Од објавата може да се забележи дека младата и шармантна водителка е копија на својата мајка и е јасно од кого ја наследила убавината.