Ања Ветерова го живее својот американски сон.
Младата пејачка по подолг престој дома во Македонија поради пандемијата од коронавирус, се врати во Америка каде е на музички студии.
Но, периодов Ања е препуштена на релаксација, одмор, уживање, дружење во сончевото Мајами на Флорида.
Оттаму се пофали со неколку фотографии направени додека е на прошетка низ улиците на топлиот Мајами.
Облечена во тренди макси кошула и секси светкав градник кој беше во фокус, Ања несомнено е магнет за погледи.
Освен авантурата во Мајами, Ања не ја заборава ниту музката за која примарно е во Америка, па неодамна сподели и фотографија каде снима во студио.