Пандемијата на коронавирусот ќе влијае на многумина кога станува збор за изборот на места на кои сакаат да летуваат.
Многумина ќе бараат помалку познати дестинации за одмор, каде што нема многу луѓе.
Во продолжение издвојуваме четири дестинации кои ќе ве воодушеват:
1. Гозо, Малта
Гозо е остров кој се протега на околу 67 километри квадратни во Средоземното море, па се смета за втор најголем остров во Малта.
Меѓутоа Гозо е многу рурално и брдовито место. Од Малта до него може да стигнете со траект за половина час. Преполн е со пештери, па претставува вистинска туристичка атракција за нуркачите. Доколку го посетите овој остров задолжително треба да го посетите Азурниот прозорец кој уште го нарекуваат и „сино око“.
2. Оронсеј, Шкотска
Оронсај е помал остров во внатрешноста на Хебридите кои се протегаат на 543 хектари. Според последниот попис на жители, таму живеат само осум луѓе што дополнително придонесува за неговата атрактивност меѓу патниците кои сакаат приватност, мир и тишина. Станува збор за мистично место со волшебни панорамски и спектакуларни природни убавини.
3. Форментера, Шпанија
Форментера е најмалиот и најјужен остров во шпанската група острови Питијусас кои припаѓа на Балеарските острови. За разлика од познатата Ибица од која е оддалечен шест километри, овој остров е создаден за уживање во морето и сонцето.
Островот е долг 19 километри, а се гордее со своите песочни плажи. Покрај тоа прекрасно место е за пробување на шпанската кујна.
4. Поркеролес, Франција
Овој остров е најголем во групата отрови Хиерес. Се протега на околу 12,5 километри квадратни во Средоземно море. Некогаш лозјата покривале поголем дел од островот, а денес поголем дел од него припаѓа на Националниот парк Порт-Крос кој е вистинска туристичка атракција.
Таму ве очекува прекрасното море како и надалеку познатата и превкусна француска кујна.
извор: точка.мк