Одвоивме неколку интересни факти за бебињата родени во јуни.
1. Луѓето родени во овој месец се харизматични
Оние кои слават роденден во јуни важат за дружељубиви, пријателски настроени и харизматични луѓе. Без проблеми го привлекуваат вниманието на другите и лесно склопуваат пријателства.
2. Дарежливи се
Повеќето луѓе родени во јуни се во знакот на Близнаци, што значи дека тие секогаш ги гледаат двете страни на приказната. Луѓето родени во овој месец често се дарежливи и лесно простуваат. Но, исто така тие можат да бидат и променливи, па и превртливи.
3. Креативни и имагинативни
Луѓето родени во јуни секогаш се полни со креативни идеи, тие имаат голема имагинација и секогаш може да сметате на нивните умни решенија дури и за најкомплексните проблеми.
4. Бебињата родени на лето се среќни
Науката откри дека периодот на раѓање има влијание на нашето расположение, а бебињата родени на лето, од јуни до август се покажало дека помалку покажуваат расположение на тага.
5. Луѓето родени во јуни се поздрави и повеќе оптимисти
Според студија објавена во весникот Heliyon, летните бебиња најчесто растат во здрави возрасни луѓе. Истражувачите сметаат дека тоа е така поради поголемата изложеност на сонце и на повисокото ниво на витамин Д, што води до подобар имунитет.
6. Имаат и мрачна страна
Повеќе Близнаци ќе ги препознаете по нивата отвореност, желба за дружење, добрите комуникациски вештини и позитивниот однос кон луѓето. Но, имаат и мрачна страна поради нивната двојна природа, па лесно без предупредување можат да се претворат во спротивност од сето тоа.
извор: Курир.мк