Со фотографија од минатата година каде позира клекната во провокативна поза и сино бикини, младата пејачка Антониа Гигивска уште еднаш сакаше да нагласи и направи споредба колку ослабела и се промени.
Ако минатата година ја критикуваа дека има вишок, сега некои ја фалат за резултатот, а други пак дека време и е да престане да слабее.
View this post on Instagram
Откако ја започна програмата за нов начин на исхрана и активно вежбање, Антониа како што вели успеала да намали дури 25 килограми.
Дека изгледа одлично видовме и од неколкуте нови бикини фотографии кои ги направи додека беше во Анталија- Турција.
Деновиве пак, акцентот сакаше да го стави на нејзините стомачни кои дојдоа во фокус од краткиот топ додека вежбаше.
„Работа, работа и само работа“ пишува во описот кое очигледно е нејзиното главно мото периодов.
Сатисфакцијта е неминовно да ја има покрај ваков разултат, за кој најважно е дека таа се чувствува убаво, задоволно и самоуверено.