Во најновото и последно издание на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ на 28 годишниот рокер Александар Јосифовски од Охрид, уште еднаш му се посреќи.
Имено, тој повторно го импресионираше жирито и успеа директно да се пласира во наредниот круг со освоени максимални шест гласови.
Тој покажа дека покрај добро пеење има и среќа во коцкањето затоа што поминал во следната рунда благодарение на една паричка, пренесува „Гранд онлајн“.
View this post on Instagram
– Сега бевме во казиното. Ги потрошив сите пари, ова беше последната пара, па ризикував. Да видиме со што ќе излезе-кажал на шега Јосифовски.
Александар е многу благодарен на Гранд што овозможи да има и рокенрол на познатата сцена и на тој начин многумина да се покажат во тоа светло, но не крие дека сака да се забавува и со народно.
– Сакам и фолк. И јас можам да ги пеам, но во кафеана кога сите ќе се сретнеме – изјави насмеано и откри дека една од неговите омилени песни е „За Лилјана“ од Тома Здравковиќ.
View this post on Instagram
За крај, го прашаа дали сам се грижи за сценскиот изглед сам или некој се грижи за неговиот стајлинг?
– Ееее, минував низ плакарот на мајка ми. Таа е секогаш тука за мене, имаме нешто заедничко. Многу ми помага и се надевам дека ќе продолжиме да работиме заедно, открива Александар за споменатиот медиум на „Гранд“.