Иако претходните неколку години балетанките не беа моден избор број 1, оваа година се апсолутен хит!
Тие се вратија на модната сцена во голем стил, а овие безвременски чевли лесно ќе ги вклопите во сите стајлинзи.
Имаат класичен дизајн, па слободно извадете ги од плакарот балетанките кои долго не сте ги носеле бидејќи нема да погрешите ако ги одберете за прошетка низ град или за на работа.
Тие се совршен избор за фармерки со должина до глуждовите, кратки панталони, но и лелеави миди фустани.
Балетанките отсекогаш биле синоним за Французинките, жените со најдобар стил, како што често се нарекуваат. Уште од времето на Брижит Бардо, балетанките излегоа од балетските студија на улиците и ги освоија срцата на многу жени. Прекрасната Брижит ги носеше во филмот „Juliette“ кој ја направи ѕвезда на големиот екран, но и во хитот од 1956 година – „Et Dieu… créa la femme“, како и на премиерите на филмовите.
Оттогаш балетанките се синоним за лежерна елеганција, а ги обожуваше и холивудската икона Одри Хепберн која ги носеше буквално со сè.
Денес тие се достапни во сите бои, дезени и материјали, но предмет на желба се само едни: оние на „Chanel“ кои се појавија во продажба во далечната 1984 година.
Во продолжение погледнете неколку идеи како да ги носите балетанките оваа пролет и лето:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
извор:кармин/точка.ком.мк