Алергиите можат да бидат придружени со течење или затнат нос, гребење во грлото и кашлица предизвикана од коронавирус. Сега секој симптом ги потсетува луѓето на Ковид, без разлика дали станува збор за кашлица или течење на носот.
Еве како да разликувате сезонска алергија од коронавирус:
Бидете сигурни дека немате температура. Алергиите сами по себе не треба да бидат придружени со треска. Како работат вашите сетила? Се верува дека губење на вкус и мирис е симптом на Ковид 19, што не е карактеристика на алергиите.
Чешање на очите
Алергиите често предизвикуваат чешање, насолзени и црвени очи. Ковид 19 не е поврзан со овие типови на симптоми на алергиски конјунктивитис. Размислете за историјата на алергии. Многумина кои страдаат од алергија имаат претходна историја на сезонски алергии. Значи, ако дрвјата или други растенија што ви создаваат проблеми веќе започнале да цветаат и сте имале историја на алергии, веројатно тоа е случај и сега.
Дали лековите за алергија делуваат? Ако вашиот нос е затнат, проверете дали се чувствувате подобро со земање на пропишан антихистамин. Типично за алергиите, ќе почувствувате одредено подобрување на симптомите во рок од еден час по земањето на овие лекови, што не е случај со коронавирусот.
извор: попара.мк