Живот и Стил

Сезонава носиме жолта сенка на очите

Сезонава носиме жолта сенка на очите

Веќе зборувавме за сончевата жолта како боја на сезоната кога е во прашање облеката, а се надеваме дека ве убедивме и да си набавите жолта чанта – подеднакво неопходно парче сезонава.

Сега жолтата се инфилтрира и во трендовите за мејкап и убавина. Па, тогаш кога сонцето нема да ви го милува ликот, сенката ќе го стори тоа за очите.

Жолтата сенка е моментално голем тренд меѓу мејкап експертите, а и логично е зошто. Претставува енергетска, топла боја која совршено ѝ прилега на сезонава.

На што треба да внимавате кога користите жолта сенка за очните капаци? За почеток, сè останато на вашиот лик треба да е нежно и суптилно – тенот, јаболкцата, усните. Сенката нанесувајте ја со тапкање, откако претходно ќе нанесете прајмер. Завршете со маскара за издолжување и волумен.

извор:точка.ком.мк

To top