Резултатите од новото истражување на Универзитетот Глазгов Каледониан покажуваат дека редовната телесна активност го зајакнува имунитетот, го намалува ризикот од болести и смртни исходи, а исто така и значително ја зголемува ефикасноста на вакцинирањето.
Според истражувањето, доколку вежбате редовно, шансите дека ќе имате повеќе антитела од некој кој е физички помалку активен изнесуваат дури 50%, тврдат британските научници.
Од претходно е познато дека телесната активност е еден од најефикасните начини за превенција на хронични болести, заедно со здравата исхрана и одвикнување од пушењето цигари.
„Нашите сознанија се многу важно откритие за потенцијално делување и реакција на пандемиите во иднина“, изјави професорот Себастиен Частин кој го водеше истражувањето и додаде дека достапноста на вакцините влева надеж дека наскоро ќе заврши пандемијата.
Врз темел на шест одвоени истражувања во кои учествувале повеќе од половина милион лица, 30 минути вежбање, пет дена во една седмица, го намалува ризикот од заболување и смрт од заразните болести за 37%.
„Откривме сигурни докази според кои редовната телесна активност го зајакнува имунолошкиот систем. Преку 35 независни контролни испитувања, златниот стандард за научните докази, се покажа дека редовната телесна активност резултира со зголемени нивоа на имуноглобин (антитела) IgA“, изјави Частин.
извoр: точка.ком.мк