Радио Милева кога помина една година

Една година без Драган Вучиќ, Снеже Велков со емотивна порака: „Секогаш ќе те спомнуваме“

Една година без Драган Вучиќ, Снеже Велков со емотивна порака: „Секогаш ќе те спомнуваме“

Се наполни една година од смртта на македонскиот водител, пејач,музичар и композитор Драган Вучиќ.

Драган почина во мај претходната година како последици од коронавирусот.

https://arhiva.vistina.com.mk/megafon/dragan-vuchikj-pochina-od-komplikacii-so-korona-virusot/

Имено, водителот беше позитивен на Ковид 19 и беше сместен на Инфективната клиника во Скопје.

За жал, Вучиќ ја изгуби битката со болеста на 21иот век.

Неговото семејство, пријатели, колеги, соработници се уште не може да веруваат дека го нема и дека прерано не напушти.

На една година од смртта, некои од неговите пријатели се потсетија на македонскиот водител.

Имено, водителката Снеже Велков во кусите приказни на Инстаграм ја сподели пораката со која пред една година се прости од својот драг колега, а во описот напиша:

„И секогаш ќе те спомнуваме бидејќи имаш дела кои траат вечно. Слава ти“, напиша Велков.

фото: принтскрин/инстаграм/снеже велков

Милена Антовска исто така ја објави објави пораката со која се прости од водителот и колегата, а во описот додаде: „Една година“ и стави смајлиња кои плачат.

фото: принтскрин/инстаграм/милена антовска

Пејачката Елена Велевска пак објави фотографија од Драган и напиша: „Кога помина една година“.

фото: принтскрин/инстаграм/еленавелевска

Болката, тагата, носталгијата се уште се присутни по водителот кој ја освои македонската публика и кој секогаш знаеше да ги насмее гледачите.

Инаку, Драган Вучиќ познат е во јавноста по бројните емисии и квизови како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вучиќ“ и последната „Гурмански муабети“.

To top