Живот и Стил

Дневен хороскоп: Четврток (29.Април,2021 година)

Дневен хороскоп: Четврток (29.Април,2021 година)

ОВЕН

Овој ден ви носи промени и неочекувани компликации кои ќе влијаат на вашата работа. Неочекувано ќе сретнете личност од минатото со која ќе обновите некои стари сеќавање на полето љубов. Добро се чувствувате.

БИК

Очекувајте позитивен пресврт кој ќе ви донесе прилика за подобра заработка. Ве очекува поволен период за работа. Дошло време за големи одлуки кога е во прашање вашата врска. Мали проблеми со бешиката.

БЛИЗНАЦИ

Постои можност некој од работното опкружување да дава погрешни информации. Чувајте се од „сплетки“. Постои личност од минатото која ја сакате на некој начин. Проблеми со синусите.

РАК

Вашиот план ќе го пореметат неочекувани трошоци. Може да очекувате неповолна ситуација на полето финансии. Вашата врска минува низ криза, и немате доволно доверба во саканата личност како порано. Водете сметка околу хормоните.

ЛАВ

Очекувајте мирен ден во кој на работното поле ќе имате сосема стабилна ситуација. Вашиот партнер ги покажал некои од грешките и мааните пред вас, а вие сте подготвени да ги прифатите.: Наклонети сте кон депресија.

ДЕВИЦА

Денешниот ден е поволен за подобрување на односот со колегите со кои сте опкружени на работа. Ќе имате интересен разговор со личноста која ви се додворува од порано. Можен е почеток на врска. Одлично се чувствувате.

ВАГА

Надевајте се на напредок кога е во прашање работата и сакате да дадете се од себе за да дојдете до нови позиции. Можно е да одбивате да признаете дека дошло време за крај на емотивната врска во која се наоѓате. Камен или песок во бубрегот е можен.

ШКОРПИЈА

Бидете внимателни на работното поле, затоа што одлуките кои сега ќе ги донесете долго ќе ве следат на ова поле. Се повеќе имате впечаток дека со саканата личност нема да успеете да ја сочувате врската. Проблеми со имунитетот.

СТРЕЛЕЦ

Многу е важно да ја сочувате смиреноста кога е во прашање вашето работно поле и да бидете подготвени на некои компромиси. Очекувајте ново познанство со личност која отворено ќе ви покаже интерес. Проблеми со кичмата.

ЈАРЕЦ

Денеска ќе имате впечаток дека ништо не ви поаѓа од рака. Немојте да форсирате нови ангажмани. Се повеќе ви недостасува слобода и можно е да сакате да ставите точка на некоја љубовна врска која ја имате. Проблеми со варењето на храната.
ВОДОЛИЈА

Пред вас е добар ден во кој ќе успеете да ги реализирате своите планови. Имате се повеќе проблеми во комуникацијата со партнерот, што ви претставува голем стрес. Проблеми со кашлица.

РИБИ

Промените на финансиски план секогаш тешко ви паѓаат. Ве очекува фаза на нестабилност. Поради голем стрес под кој се наоѓате, вашиот однос со партнерот страда. Проблеми со апетитот.

извор:нетрес.ком.мк

To top