Живот и Стил

Меки и вкусни – Банички готови за 15 минути

Меки и вкусни – Банички готови за 15 минути

Овие банички со сирење можете да ги јадете за појадок, за вечера, а зошто да не и за ручек. Верувајте дека сите ќе бидат воодушевени, а за нивна подготовка воопшто нема да изгубите многу време.

Состојки:

-500 гр.готови корки

-1 јогурт

-4 јајца

-една чаша масло

-500 гр.сирење

Подготовка:

Изматете го сирењето со две јајца. Посолете.

Направете фил со кој ќе ги премачкувате корите. Се мати јогурт, 2 јајца и чаша масло. Малку посолете.

Корите исечете ги со нож на средина. Ќе добиете помали кори.

Земајте по една кора и по цела површина премачкајте ја со филот.

Потоа преклопете еден дел ( една третина), па преку него превртете друг дел. Ќе бобиете кора во должина околу 25, а ширина 8 сантиметри.

На еден крај ставете сирење, па преклопете, правејќи триаголник, а потоа повторно преклопете.

Постапката повторувајте ја се додека не го потрошите сирењето и корите. Ако ви остане од сирењето можете да го ставите и одозгора врз баничките.

Баничките се печат 10-15 минути на 200 степени.

Извор: Локално.мк

To top