Ако барате совршен десерт за празниците, ова е идеалниот рецепт за вас.
Потребни состојки:
2 јајца
прстофат сол
100 гр кристален шеќер
1 ванилин шеќер
2 лажици стопен путер
4 лажици павлака
200 гр брашно
1 прашок за печиво
2 лажици гриз
Состојки за полнење:
кајсии од компот
200 мл шлаг
Начин на подготовка:
Измешајте ги белките со малку сол. Потоа додајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер и продолжете да мешате. Додајте ги путерот, павлаката и жолчките и измешајте. Додајте ги брашното, гризот и прашокот за печиво и соединете ја смесата со шпатула. Ставете ја смесата во плех за мафини и печете 20-25 минути на температура од 180 °С. Кога ќе се изладат мафините, наполнете ги со шлаг и ставете кајсии одозгора.
извор:кафепауза.мк