Изминатата ноќ беше посебна за филмската индустрија и љубоителите на филмот – во Лос Анџелес беа доделени најпрестижните филмски награди во светот.
Американската Академија за филмски науки и уметност приреди поинакво издание на Оскаровското шоу, но секако гламурозно и возбудливо.
Изминатата година, а и оваа 2021, сите бевме и се уште сме ограничени во многу нешта, но најмалку од седењето дома и гледањето филмови, па затоа овој важен настан за нашата лото девојка Марјана Станојковска, не помина во пижами.
Напротив, Марјана како да се телепортираше во Лос Анџелес, или барем сакаше ти енколку часа за време на емитувањето на настанот да има комплетен домашен гламур.
Облече златен фустан, го стави омилениот парфем, а пред себе имаше шампањ, јагоди и пуканки за максимално задоволство.
Овој момент не пропушти да го овековечи на камера и да им го покаже да своите бројни следбеници.
View this post on Instagram
Инаку,во невообичаена церемонија, филмот „Номадленд“го одбележа овогодишното доделување на наградата Оскар. Филмот триумфираше во категориите за најдобар филм, најдобра режија и најдобра главна актерка.
Оскарите оваа година беа одложени, па наместо во февруари церемонијата на доделување на наградите се одржа вчера во Лос Анџелес.