Живот и Стил

Однадвор крцкава, одвнатре мека – готова за 10 минути: Брза скуша во маринада

Однадвор крцкава, одвнатре мека – готова за 10 минути: Брза скуша во маринада

За ова посно јадење не ви треба многу труд, а вкусот е загарантиран.

Состојки:
– 2 скуши
– компир
– оцет
– масло
– кромид
– сол
– сув магдонос
– сок од 1 лимон
– 2-3 чешниња лук

Подготовка:
Маринадата подгответе ја така што сокот од лимон ќе го измешате со лукот и малку магдонос, а потоа ставете ја во фрижидер.

Компир-салатата направете ја така што ќе го излупите компирот и ќе го пресечете на коцки, а потоа ќе додадете главица кромид која претходно сте ја пресекле. Ставете малку сол, бибер, масло, оцет и магдонос. И неа ставете ја да се лади.

Исчистете ја рибата и отстранете ѝ ја главата. Потоа добро измијте ја и посолете. Оставете ја да отстои 10 минути.

Рибата ставете ја во брашно. Во тавче ставете масло и загрејте го. Мора да биде топло за рибата да не се залепи, а потоа додете ја неа во тавчето. Пржете на умерена температура.

Пред крајот уште малку потпечете, така што ќе ја зголемите температурата. Потпечете по вкус. Кога рибата ќе биде готова извадете ја и ставете ја во садот во кој сакате да послужите.

Рибата послужете ја со компир-салатата и маринадата.

извор:точка.ком.мк

To top