Трагично починатиот млад пејач Момир Луковац учествуваше во тековната сезона на популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“ и успеа да се пласира во третиот круг на натпреварување.
Јавноста го памети не само по неговиот маестрален настап на музичкиот натпревар, туку и по неговиот смешен разговор со Јелена Карлеуша. Пред членката на жирито да започне да го коментира настапот и пеењето на Момир, тој брзо извика: „Ќе ослабам, жими мајка!“
Потоа Карлеуша вака му се обрати, предвидувајќи му блескава иднина…
„Момир, имаш многу убава насмевка и може да се види дека си опуштен и шармантен, но го покажа она што го знаеш дури во втората половина на втората песна. Буцко си, јадеш тесто, јадеш слатки, а замисли си како би било да изгубите уште 15 – 20 килограми, каков фраер тогаш би бил?! Сепак, мислам дека имаш блескава иднина, имаш во себе прекрасна емоција“ – му (претс)кажа тогаш Јелена, но… за жал, прстите ги вмеша кобната судбина.