Живот и Стил

Неодоливи и лесни за правење: Три совршени бохо фризури со кои ќе изгледате како кралица

Неодоливи и лесни за правење: Три совршени бохо фризури со кои ќе изгледате како кралица

Бохо стилот е апсолутен тренд во облекувањето оваа година, а тоа е случај и кога станува збор за стилизирање на косата.

А, ние не можеме да не истакнеме дека сме пресреќни поради тоа. Зошто? Од проста причина што бохо фризурите се лесни, лежерни, женствени и многу романтични, а покрај тоа лесно се прават.

Денеска ви претставуваме три фризури кои се совршени за дамите со средна должина, како и за оние со долга коса. Првата фризура е бохо исплетена коса со која на симпатичен начин ќе го промените вашиот секојдневен изглед.

Втората фризура е едноставна и ниска пунџа која се прави без нималку напор. Ваквата фризура е фантастична бидејќи одговара и за лежерните и за елегантните прилики.

И на крајот, бујна плетенка со која немате да останете незабележано каде и да се појавите.

Погледнете го туторијалот:

извор:точка.ком.мк

To top