Живот и Стил

Туристите ја уништија природната убавина каде се снимаше филмот „Плажа“

Туристите ја уништија природната убавина каде се снимаше филмот „Плажа“

Една од најпознатите плажи во светот, Maya Bay во Тајланд, каде што е сниман филмот “Плажа” со Леонардо Ди Каприо  во главната улога се затвора.

Имено, од јуни до септември ќе биде целосно затворена за туристите со цел да се обнови загрозената морска флора и фауна.Секој ден пристигнуваат 200 бродови и 4000 луѓе од Ко Пи Пи и Пхукет, оставајќи тони ѓубре и ја уништуваат животната средина.

По овој период, ако се е како што треба, бројот на луѓето на кои ќе им биде дозволено да го посетат заливот Маya Bay ќе бидат ограничени на 2.000 дневно.

Четиримесечниот период додека плажата е затворена, е надвор од сезоната за Тајланд, а лидерите ја сметаа за идеална можност за зачувување на природата. И тоа не е прв пат да го сторат тоа – од 2011 сезонски затвараат загрозени атракциски места, а минатата година, дури 14 локации во Тајланд беа затворени за нуркање.

Туризмот е многу силна индустрија во Тајланд и изнесува околу 18% од БДП.Бројот на посетители постојано расте, од 2004 година тој се зголемил тројно, за да достигне бројка од 25 милиони во 2017 година.

To top