Здравата и сјајна коса е сон на секоја жена, а овој рецепт во голема мера ќе придонесе за истото.
Губењето на влажноста на влакното кое резултира со сува и безживотна коса е чест проблем со кој многумина од нас се соочуваат. За косата во секој момент да биде хидрирана, сјајна и здрава, испробајте ја оваа маска од јогурт, јаболков оцет и лимон.
Лимонот и јаболковиот оцет ја чистат косата и ѝ даваат волумен и сјај, додека цинкот и млечната киселина од јогуртот поседуваат хидратантни својства кои го потхрануваат влакното.
Потребни состојки:
– 1/2 шолја јогурт
– 1 лажичка јаболков оцет
– 1 лажичка сок од лимон (по желба разреден со 2 лажички вода)
Припрема:
Помешајте ги сите состојки во еден сад. Ако сакате длабински третман, а истовремено имате многу сува коса, додајте и 1 лажичка мед. Со лесни, кружни движења втријте ја маската на коренот, а потоа продолжете кон врвовите. Оставете да отстои 10 минути, па измијте ја со шампон и продолжете со регуларната нега.
извор:точка.ком.мк