Живот и Стил

Дневен хороскоп за вторник, 6-ти април 2021

Дневен хороскоп за вторник, 6-ти април 2021

ОВЕН

Пред вас се сериозни тешкотии доколку се занимавате со приватен бизнис. И покрај трудот, нема да успеете да ги надминете. Емоциите ви проработиле и инсистирате на интензивно дружење со партнерот. Стабилно здравје.

БИК

Работата се одвива подобро од што сте очекувале. Тоа ви дава доза на самодоверба така што имате впечаток дека се можете. Се обидувате да доминирате над другата половина, но тоа не ви го дозволува. Добро се чувствувате.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекува конфликт со колега. Свесни сте дека вашиот однос е од натпреварувачки тип, па не сте подготвени да дебата. Имате тајно интересирање кон личност со која сте во пријателски однос. Бубрезите и главата се чувствителни.

РАК

Добивате работна понуда која ви делува примамливо, така што веднаш ја прифаќате. Расположението кон брачниот партнер варира од тоа што не можете без него, до тоа да ве нервира. Одлично здравје.

ЛАВ

Благодарение на врските, добивате информации кои ви овозможуваат убедливо да доминирате на работа. Пред вас е ново познанство со топла, страствена личност. Притисокот осцилира.

ДЕВИЦА

И покрај конснтатните обиди да ги решите, проблемите и понатаму се присутни на работа. Не ви е јасно зошто сте неуспешни. Односот со емотивниот партнер не се развива на посакуваниот начин. Се сомневате дека тој е вистинскиот за вас. Не сте расположени.

ВАГА

Задоволни сте како се одвива судењето. На интелигентен начин го насочувате кон ваша корист. Односот со брачниот партнер е стабилен. Имате впечаток дека се е под контрола, иако не е. Главата е чувствителна, особено синусите.

ШКОРПИЈА

Ве очекува зголемен обем на обврските. Прилагодливи сте, ги одработувате работите паралелно и успевате да функционирате во хаосот. Задоволни сте од односот со брачниот партнер и се трудите околу него (неа). Чувајте се од инфекции.

СТРЕЛЕЦ

Вашите напори да најдете работа во странство, конечно, носат резултат во вид на работна понуда. Ја прифаќате без размислување. Задоволен сте од врската, но не сте сигурни како другата половина ќе реагира на вашата преселба. Стабилно здравје.

ЈАРЕЦ

Ве очекува контакт со медиумите. Оставате впечаток на енергична, самоуверена личност. Како и брачниот партнер, така и вие сте загрижени за финансиите. Ве очекува разговор на таа тема. Притисокот е нестабилен.

ВОДОЛИЈА

Не успевате да ги реализирате работните планови поради непланираните тешкотии. Нервозни сте поради тоа. Ве очекува ново познанство, но другата страна не е заинтересирана за продолжување на дружењето. Гледајте да го зајакнете имунитетот.

РИБИ

Ако сте правник, влегувате во нов проект. Очекувањата се големи, но базирани на реална основа. Емотивната врска е многу динамична, така што сте во недоумица дали да ја прекинете или не. Инфекција е можна.

извор: Нетпрес

To top