Засега не е познато колку луѓе и компании ќе бидат активно вклучени во Денот на шегата, бидејќи многу компании лани одлучија да не учествуваат во првоаприлска шега во измислувањето смешни вести и симпатичните трикови. Но, има и многумина кои сепак ќе се шегуваат. Одамна е познато дека во некои земји, како што се Велика Британија, Австралија и Јужна Африка, измамите се прават само до пладне, а оној што ги прави попладне се нарекува „априлска будала“. Во други земји пак, луѓето се шегуваат преку целиот ден.
По повод денешниот меѓународен Ден на хуморот и шегата, весниците „Дејли експрес“ и „Интернејшнал бизнис тајмс“ потсеќаат на неколку занимливости:
Од 2004 година, 1 април е исто така „Ден на хуморот и фосилите“, кога екологистите одржуваат демонстрации против употребата на фосилни горива.
Во Стариот Рим, фестивалот „Венералија“ се одржувал на 1 април, во чест на божицата Венера.
Првата позната поврзаност меѓу 1 април и шегата е во „Кантербериските приказни“ од Џефри Чосер од Англија, напишани кон крајот на 14. век.
Од 16. век, децата во Франција ја прославувале „априлската риба“ лепејќи слики од риба на грбот на други луѓе. На 1 април 1698 година, многумина биле поканети, а всушност измамени да ја посетат Лондонската кула за годишната свеченост на „Капењето на лавовите“.
На 1 април 1889 година првата употреблива машина за миење садови излегува на пазарот во Чикаго. „Машината мие побрзо од Вашите прислужници“, според создавачката на изумот – Жозефин Кохран.
На 1 април биле основани многу компании, меѓу коишто и производителот на гуми за џвакање – „Риглис“ во 1891., како и „Епл“ 1976 година.
На 1 април 1945., моќно цунами однесе неколку животи, но луѓето од Пацифичките Острови, предупредувањето за опасноста го зедоа како првоаприлска шега.
Меѓу познатите шеги низ поновата историја, е онаа во Би-би-си во 1957 година… Британската телевизиска мрежа објави дека Швајцарците берат шпагети од дрво… Во написот се говореше и за „фактот“ дека напасникот „шпагети крт“ конечно бил истребен. Голем број гледачи ја контактирале уредничката екипа на таа телевизија за да дознаат за можностите за одгледување сопствени „шпагети дрвја“.
Друга попозната шега беше и „изумот“ на хамбургери за левучари… Компанијата „Бургер кинг“ од САД во 1998 година објави оглас за хамбургери за левучари, коишто се направени така што кечапот протекува од десната страна.
Медицинските истражувања, инаку, посочуваат и уверуваат дека смеењето е одлична терапија.
извор:вечер.пресс