Се породи Хилари Даф – пренесуваат странските медиуми. Американската актерка и пејачка и нејзиниот сопруг Метју Кома заедно донесоа одлука дека и овој пат бебето ќе се роди во нивната семејна куќа, под вода. Гордата мајка веднаш објави фотографија на која се гледа слатко петчлено семејство.
И овој пат, како пред две години кога ја роди својата ќерка Бенкс, Хилари Даф се породи во када полна со вода. Девојчето го доби името Ме, и штом ја виде светлината на денот, нејзината постара сестра ја прегрна и ја бакна.
View this post on Instagram
„Те сакаме, убавице“, напиша актерката покрај името на новороденчето, откривајќи дека се породила на 24 март, скоро на самиот ден кога ја роди Бенкс пред две години. Имено, на 27 март 2019 година, Хилари, благо речено, го шокираше светот објавувајќи видео од нејзиното породување дома.
– Долго време се прашував дали воопшто треба да го објавам ова видео, бидејќи е исклучително лично … Беше апсолутно убаво, полно со љубов, но и шокантно, бидејќи штом го родив моето бебе, двајцата од нас се прегрнавме за прв пат. Ми пролета низ главата дека сакав да верувам дека таа ми рече на тој начин: „Добра работа, мамо! Напред, напред! Ние го направивме тоа! Заедно! – Хилари ја објасни својата прва средба со својата ќерка само неколку секунди по породувањето, истакнувајќи дека нејзиниот сопруг бил голема поддршка во тие моменти.
View this post on Instagram
Девојчињата ќе пораснат со постариот брат, осумгодишниот Лук, кого Хилари го доби во претходниот брак со хокеј играчот Мајк Комри.