Живот и Стил

Максимално го јакнат имунитетот: Овие намирници содржат повеќе витамин Ц и од лимонот

Максимално го јакнат имунитетот: Овие намирници содржат повеќе витамин Ц и од лимонот

Овој витамин има клучна улога кога станува збор за јакнење на имунитетот. Ќе ви го претставиме списокот од намирници во кои што го има во изобилство.

Витаминот Ц е од суштинско значење за нашиот организам – помага во растот и обновување на ткивата, во создавање на колаген, добро влијае на кожата, крвните садови, лигаментите, тетивите, градењето на јак имунитет.

Меѓутоа, витаминот Ц е растворлив во вода, а организмот не го создава и не го чува. Значи, неопходно е да го внесуваме по пат на храната, а во продолжение следи списокот на намирници кои што го содржат во изобилство – дури повеќе и од лимонот и портокалот:

Жолта пиперка

Овој зеленчук е одличен да се јаде свеж, на пример како додаток во салата. Жолтата боја, крцкавоста и сочноста е тоа што треба да биде најважно, а исто така оваа пиперка содржи и ниско ниво на калории. Половина шолја исецкана пиперка содржи 155 милиграми витамин Ц, што е повеќе од дневно препорачаниот внес на овој витамин – за возрасни жени 75 милиграми, а за возрасни мажи 90 милиграми.

Кељ

Овој зеленчук е полн со антиоксиданси кои што организмот го чистат од штетните материи. Тој исто така е честа состојка на многу салати. Две шолји кељ содржат 150 милиграми антиоксиданси, 684 милиграми калиум и скоро 7 грама растителни влакна, додека пак 100 грама содржат 120 милиграми витамин Ц.

Папаја

Само половина од една голема папаја содржи импресивни 238 милиграми витамин Ц. Како дополнителен бонус, ова овошје исто така е преполно со витамин А и растителни влакна.

Гуава

Една шолја од ова неверојатно тропско овошје содржи дури 377 милиграми витамин Ц. Тоа е пет пати повеќе од дневниот препорачан внес на витаминот.

Јагоди

Една шолја исецкани јагоди содржи скоро иста количина витамин Ц како и портокал со средна величина – значи околу 98 милиграми.

Ананас

Само една шолја од ова сочно тропско овошје содржи околу 79 милиграми витамин Ц, плус високо ниво на бромелаин кој што поволно влијае на системот за варење.

Киви

Верувале или не, само една кива содржи 94 милиграми витамин Ц.

Брокули

100 грама сирови брокули содржат 89 милиграми витамин Ц. Тоа е речиси колку и препорачливата дневна доза на витамин Ц (90 милиграми). Овој здрав зеленчук содржи и здрава доза на витамин К кој што ги јакне коските.

Карфиол

Карфиолот не е само преполн со растителни влакна туку една главичка од овој зеленчук содржи 123 милиграми витамин Ц. Варен, печен или пасиран, овој генијален зеленчук е идеално вкусен, а воедно и здрав оброк за сите.

To top