Успорената работа на штитната жлезда може да доведе до успорување на метаболизмот, а често е проследена со ладни екстремитети или пак чувство на студенило.
До чувство на ладно доаѓа поради процесите со помош на кои што се одржува температурата на виталните органи. Меѓутоа, доколку рацете и стапалата постојано ви се ладни, тоа може да укажува на некои здравствени проблеми.
Анемија
Доколку освен студените раце чувствувате и некои други симптоми, како на пример умор, главоболка и малаксаност, проверете го нивото на железо во крвта. Железото е главна состојка на хемоглобинот, молекула која пренесува кислород во крвта и дава црвена боја.
Дијабетес
Студените дланки и стапала можат да бидат прв знак за дијабетес. Дијабетесот остава последици на крвотокот, како и на нервниот систем, па често е проследен со оваа појава. Постојано сте жедни, многу јадете, а не се дебелеете или пак слабеете, задолжително проверете го нивото на шеќер во крвта.
Штитна жлезда
Успорената работа на штитната жлезда доведува до успорување на метаболизмот, а често е проследена со ладни екстпремитети или пак чувство на студ. Уморот, летаргијата, поспаноста, успореноста на зборувањето и движењето, како и неподнослива висока телесна температура се јасни знаци за ова пореметување.
Стрес
Стресот исто така може да биде причина за студените раце и стапала. Тој го зголемува адреналинот, хормонот кој се произведува во надбубрежната жлезда кој што ги стеснува крвните садови, па циркулација е послаба, а рацете и стапалата ви се поладни.
извор: точка.мк