Живот и Стил

Дневен хороскоп за четврток, 25-ти март 2021

Дневен хороскоп за четврток, 25-ти март 2021

ОВЕН

Не сте задоволни од стагнацијата на работа. Размислувате што е најдобро да направите за работата да почне. На работа постои личност која е заинтересирана за вас во емотивна смисла, но не сака да ги покаже емоциите. Бубрезите се чувствителни.

БИК

Целата своја енергија сте ја насочиле кон работата: Верувате во себе и очекувате успех. Односот со партнерот е проблематичен поради тоа што не сте во целост отворени еден кон друг. Одлично здравје.

БЛИЗНАЦИ

Во случај да сте приватник, пред вас се проблеми. Вашата реакција е избрзана, така да веднаш ги решавате проблемите. Партнерот е напнат поради лошата ситуација, а вие пробувате да го опуштите. Неопходен ви е одмор.

РАК

Полни сте со самодоверба по прашање на своите способности. Правите грандиозни планови сметајќи дека без никакви проблеми ќе ги реализирате. Ви пречи ладниот однос на брачниот партнер. Имате впечаток дека се оддалечил од вас. Ограничете го внесот на храна.

ЛАВ

На работа ве очекуваат голем број на проблеми кои не успевате да ги решите. Поради тоа ви паѓа самодовербата. Сте се вљубиле и не приметувате дека партнерот не ги враќа емоциите на ист начин. Можни се болки во грбот.

ДЕВИЦА

Во случај да сте приватник, вашите очекувања се нереални, а за тоа да не сте свесни. Не сте исполнети од врската, така да избегнувате состанок со партнерот. Другата страна е повредена од вашето одбивање. Прејадување е можно.

ВАГА

Заинтересирани сте за соработка со странците. Тоа значи дека или планирате да отпатувате или да тргнете во соработка на далечина. Незадоволни сте од односот на партнерот. Ви пречи тоа што не ве разбира на вистинскиот начин. Инфекции се можни.

ШКОРПИЈА

Се чувствувате одлично. Сте решиле голем проблем што ви ја кренало самодовербата. Односот со саканата личност е силен, така да размислувате за дете. Рекреација добро ќе ви дојде.

СТРЕЛЕЦ

Натпреварувачки сте настроени. Не ве интересира работата поради работа туку поради тоа да покажете дека сте поспособни од другите. И покрај емоциите кои ги имате кон партнерот, кон него сте груби. Стабилно здравје.

ЈАРЕЦ

Односот со колегите не е најдобар. Не успевате да изградите квалитетна комуникација, а другата страна зад ваш грб зборува разни приказни. Врската спонтано се развива. Проблеми со дишните органи.

ВОДОЛИЈА

И покрај тешкотиите на работа, со ведар дух сте убедени дека ќе ги решите проблемите. Односот со партнерот има доза на динамика поради емотивна несигурност. Притисокот е нестабилен.

РИБИ

Атмосферата на работа е работна и опуштена. Се се одвива според планот, и ве очекува обичен работен ден. Поволен ден за ново познанство кое нема некој голем потенцијал. Имате чувство дека другата страна не ви одговара. Стабилно здравје.

извор: нетпрес

To top