Во актуелната сезона на популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, се натпреваруваат повеќемина Македонци од различни краишта на земјата.
Некои од нив немаа среќа да се натпреваруваат во круговите близу до финалето, додека други преку бараж, а се поретко преку директен пласман успеваат да продолжат понатаму.
Генереално, членовите на жирито отсекогаш имале убави зборови за учесниците од Македонија, а меѓу едни од почесто пофалените се и кандидатките Мими Јовановска од Велес и Елена Миленковска од Скопје, а сега со белградска адреса.
View this post on Instagram
Елена учествуваше и минатата сезона, ментор и беше Ана Бекута, а токму таа сезона и ја донесе љубовта на животот, пејачот и тогашен учесник Гуте Марковиќ со кого стапија во брак, а сега имаат и синче.
Миленковска реши да се пријави и во оваа сезона, поискусна и поспремна од претходно, овој пат под менторство на Александар Милиќ Мили.
View this post on Instagram
Во иста сезона како конкурентки се со младата велешанка Мими Јовановска која првпат се пријавува и учествува. И двете Македонки им се доста познати на гледачите на шоуто, па фановите имаа прашање за Мими кое се најде на нејзината фан станица на Инстаграм, а се однесуваше на нејзиното мислење за Елена за која таа вели:
View this post on Instagram
-Ми беше еден од фаворитите претходната сезона кога беше кај Ана. И сега ми е драга! Одличен кандидат, прекрасна личност, натпреварот и донесе многу и мислам дека треба да биде пресреќна! Една од подрагите кандидатки, генерално во натпреварувањето.
Убавите зборови и позитивна мисла се секогаш добредојдени, победник може да бида само еден, а искуството и добрите пријателства остануваат. Очигледно двете ѕвезди на „Гранд“тоа добро го знаат, па оваа објава Елена гордо ја сподели на Инстаграм.
View this post on Instagram
И на двете им посакуваме успех и воодушевувања кај жирито до самиот крај!