Иако во домашните медиуми повеќе се посвети внимание на модното претставување на битолчанката Марија Груевска во „Ѕвездите на Гранд“, во никој случај не може да се заобиколи и сценскиот изглед на штипјанката Марија Данева.
Во популарното регионално музичко шоу, освен пеењето многу често се оценува и коментира изгледот на учесниците, а тоа најчесто е задача на Јелена Карлеуша.
Па така, во последната и најнова емисија од шоуто на сцената настапи и 20 годишната Марија Данева од Штип чиј ментор беше токму Карлеуша.
View this post on Instagram
Марија иако испеа одлично, немаше среќа да има доволен број гласови за да продолжи понатаму, но нејзината појава дефитивно не остана незабележано. Таа пред се има впечатлив лик, висока е и згодна како манекенка и изгледа како излезена од модна писта.
Марија се појави облечена во црна комбинација од панталони со висок струк и впечатливи волуменозни рамена кои наликуваа на крила. Инаку, според она што може да се види од социјалните мрежи, Марија живее и студира во родното Штип, а музиката е нејзина голема љубов.
View this post on Instagram
Пред да започне пандемијата со коронавирус, Марија имала свои настапи по клубови како дуо заедно со момчето на гитара Горан Тонев.
Иако немаше среќа да продолжи понатаму во ЅГ, Марија ја доби целосната поддршка од своите следбеници, а ниту ние не се сомневаме дека оваа девојка нема да застане тука со музиката.
View this post on Instagram
Во продолжение погледнете го нејзиниот настап од видеото на 1:13;28