Bo последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ посебно внимание привлече Марија Груевска од Битола.
Имено, Марија во златен балски фустан и посебен моден детаљ на главата го привлече посебно внимание.
Битолчанката се претстави со песните „Чија си“ од Тоше Проески и пијано верзија на „Управо оставјена“ од Јелена Карлеуша.
Марија и нејзиниот против кандидат Јасмин Арнаут освоија вкупно по шест гласови, но по прегласвањето добија по 3 гласа.
Саша Поповиќ беше оној кој пресуди дека Марија Груевска треба да оди директно понатаму.
Жирито имаше само пофални зборови за македонската кандидатка.
„Никогаш во животот немам видено ваква висока мода. Кој дизајнер го правеше ова?, Секоја чест, ова е нешто несекојдневно на оваа сцена. Изгледаш како принцеза, а и така пееше. Потполно различна и заслужуваш пофалби“, изјави Карлеуша и додаде дека изгледа како Лејди Гага.
„До последниот момент за твоето пеење мислев дека не е ништо посебно, се до самиот крај. Мене тоа ми беше фантастичен аражман, а поентираше на крајот“ изјави Вики Миљковиќ.
Марија е под менторство на Александар Милиќ Мили, а за нејзината креација се погрижи дизајнерот Златко Јовановски.
Како Битолчанката ќе се претстави во следниот круг и каква модна комбинација ќе смисли, останува да почекаме.